ВОЗНЕМИРУВАЧИ СЛУЧАЈ ВО ОХРИД – Малоленти деца краделе во продавница, продавачката ги истепала

Полицијата постапува по пријава за наводен инцидент во маркет во Охрид.

ВОЗНЕМИРУВАЧИ СЛУЧАЈ ВО ОХРИД – Малоленти деца краделе во продавница, продавачката ги истепала
Фото: Принтскрин

Во Охрид се истражува случај за наводно физичко малтретирање на малолетници, по поднесена пријава до СВР.

Според информациите од полицијата, во саботата навечер во СВР Охрид пријава поднеле три лица на возраст од 45, 45 и 35 години, сите од Охрид. Тие навеле дека околу 17:00 часот истиот ден нивните малолетни деца биле физички нападнати, откако, наводно, биле затекнати при обид да одземат чоколадно млеко од маркет во градот.

Во пријавата се наведува и дека по настанот, сопственикот на маркетот и едно женско лице физички ги нападнале децата.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

CATEGORIES
Share This