ФУДБАЛСКА ЕПСКА БИТКА – Може ли Барса конечно да го стигне Реал?
Барселона е на чекор до титулата, но ѝ треба само еден клучен резултат против Реал Мадрид.

Барселона е на чекор до освојување на титулата во Ла Лига, а клучниот тест доаѓа во директен дуел против Реал Мадрид. На каталонците им одговара и нерешен резултат за да ја остварат целта, но победа би им донела дополнителен историски момент и израмнување со вечниот ривал по број на победи во Ел Класико.
Во моментов, Реал Мадрид е во минимална предност со 106 победи, додека Барселона има 105, а 52 натпревари завршиле без победник.
Последните меѓусебни пресметки се во знакот на каталонскиот тим, кој под водство на Ханси Флик забележа три значајни победи во финални натпревари против големиот ривал, две во Суперкупот (2-5 и 3-2) и една во Купот на Кралот (3-2), решена со голот на Жул Кунде во продолженијата.
Иако Реал Мадрид сè уште има благо водство во вкупниот број на постигнати голови во историјата на Ел Класико (444 наспроти 439), последните десет дуели носат целосна рамнотежа и по пет победи за секој тим.
Во тој период, Барселона има и подобра гол-разлика, со 24 постигнати погодоци наспроти 20 на мадридскиот тим, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред новата голема пресметка.
Натпреварто се игра вечерва во Барселона со почеток во 21:00 часот.
