ДЕН НА ЕВРОПА, ДЕН НА БОЛКА – Кочани маршира за вистината

Силна порака дека човечкиот живот е над секоја функција и политиката.

ДЕН НА ЕВРОПА, ДЕН НА БОЛКА – Кочани маршира за вистината
Фото: Архива

На 9 мај, Денот на Европа, во Кочани по 42. пат се одржа „Маршот на ангелите“, како повик за правда и сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Маршот започна во 17:05 часот, тргнувајќи од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани.

Организаторите го поврзаа настанот со 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, истакнувајќи го како симбол на борба против темнината, неправдата и системите што го загрозуваат човечкиот живот.

Во нивниот повик беше нагласено дека за семејствата на загинатите овој датум не претставува само историско сеќавање, туку уште еден ден исполнет со тишина, болка и упорно барање за одговорност.

Присутните порачаа дека и покрај тоа што Европа го слави мирот, демократијата, солидарноста и човечкото достоинство, тие се соочуваат со сурова и понижувачка реалност. Тие истакнаа дека ниту една функција или политичка припадност не смее да биде над човечкиот живот.

CATEGORIES
TAGS
Share This