ОБЕДИНУВАЊЕ ИЛИ РАСПАД – ДУИ тврди дека ВРЕДИ е проект без иднина

Две лидерски позиции како причина за недоверба, тврдат од ДУИ.

ОБЕДИНУВАЊЕ ИЛИ РАСПАД – ДУИ тврди дека ВРЕДИ е проект без иднина
Фото: Принтскрин

По вчерашниот Конгрес на кој ВРЕДИ се трансформираше во партија на чело со Изет Меџити и Биљал Касами, ДУИ со реакција во која не му предвидува иднина на новиот политички субјект.

Вчерашниот чин, каде што неколку политички субјекти се обидоа да се сокријат зад името на една партија, не е обединување, туку последен очаен крик за политички опстанок. Иронијата е целосна-ВРЕДИ избра двајца кормилари да го водат истиот брод што веќе забрзано тоне, велат од ДУИ.

„Ова фрагментирано раководство е директно признание дека во тој политички состав владее целосна недоверба и фрагментирање. Наместо визија, тие понудија пазар на ега, бидејќи никој не сакаше да му го отстапи местото на другиот, па решија да глумат партија со двајца претседатели. Вистината е јасна: ВРЕДИ се обедини само за заедно да се распадне“ – велат од ДУИ.

Поставувањето на двајца лидери е доказ дека партијата е поделена на фракции уште пред да почне да функционира. Во меѓувреме, додека лидерите самите се прогласуваат, министри и клучни функционери од нивните редови веќе го напуштија бродот, одбивајќи да бидат дел од овој неуспешен проект, наменет само за спас на неколку политички кариери, стои во соопштението на ДУИ.

ВРЕДИ СО НОВА ПОЛИТИЧКА ФОРМУЛА – Од коалиција спојување во една партија

CATEGORIES
Share This