ТЕНЗИЧНО ПРЕД САМИТОТ – Трамп оди во Пекинг, а САД веќе казнуваат кинески компании кои го помагаат Иран

Вашингтон тврди дека компаниите обезбедувале снимки користени за напади врз американски сили.

ТЕНЗИЧНО ПРЕД САМИТОТ – Трамп оди во Пекинг, а САД веќе казнуваат кинески компании кои го помагаат Иран
Фото: Принтскрин

САД воведоа санкции против три кинески компании од секторот за сателитски услуги, обвинувајќи ги дека наводно му помагале на Иран преку обезбедување сателитски снимки и геопросторни податоци што можеле да се користат во воени операции против американски сили на Блискиот Исток.

Според американскиот Стејт департмент, санкциите опфаќаат четири субјекти, меѓу кои и три фирми од Кина, кои наводно овозможиле пристап до разузнавачки сателитски материјали. Вашингтон тврди дека тие податоци биле искористени од Иран за напади врз американски воени позиции во регионот.

Меѓу санкционираните е компанијата „Ерт ај“, која САД ја обвинуваат дека обезбедувала сателитски снимки за Техеран. На листата се и „Мизарвижн“, фирма за геопросторна анализа, како и „Чанг Гуанг Сателит Технолоџи“, за која се тврди дека помогнала во добивање фотографии од американски воени објекти и нивни сојузници, особено во контекст на операцијата „Епски бес“.

Во извештаи на „Фајненшл тајмс“ се наведува дека Иранската револуционерна гарда користела кинески сателит, развиен и лансиран со учество на експерти од „Ерт ај“, за следење на американски воени локации. Според тие информации, сателитот бил користен за набљудување цели непосредно пред напади.

Дополнително, ирански документи укажуваат дека Револуционерната гарда имала пристап до копнени контролни станици управувани од компанијата „Емпосат“ со седиште во Пекинг, која обезбедува услуги за сателитска контрола и обработка на податоци преку глобална мрежа.

CATEGORIES
TAGS
Share This