НЕВОЛЈИ ВО СКОПЈЕ – Раштак останува без струја, делови од Бутел и Радишани без вода
Прекините се очекуваат до завршување на техничките интервенции на терен

Фото: Принтскрин
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Раштак, општина Гази Баба, во период од 08:00 до 15:00 часот.
Воедно, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека во делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да има прекин на водоснабдувањето или намален притисок на водата.
Можните прекини се поради технички зафати во трафостаница во ПС Бутел, кои ќе ги изведува ЕВН. Работите започнуваат во 05:00 часот и ќе траат до нивното завршување.
CATEGORIES Македонија
