(ВИДЕО) ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО ЛШ – Баерн бесен, ПСЖ се извлече со спорни судиски одлуки

Германците тврдат дека судењето директно влијаело на конечниот исход.

(ВИДЕО) ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО ЛШ – Баерн бесен, ПСЖ се извлече со спорни судиски одлуки
Фото: Принтскрин

Португалскиот судија Жоао Пињеиро се најде во центар на критики по натпреварот меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен (1-1), откако неколку негови одлуки предизвикаа незадоволство и дилеми околу клучни моменти од полуфиналето.

Најмногу реакции предизвика ситуацијата при водство на ПСЖ, кога по ударот на Витиња, топката го погоди Жоао Невеш во рака во шеснаесетникот. И покрај контактот, судијата не досуди пенал, а изненадување беше и тоа што ВАР не реагираше за дополнителна проверка.

Дополнителен револт кај Баерн предизвика и епизодата со Нуно Мендеш, кој не доби втор жолт картон по игра со рака, иако дел од јавноста сметаше дека ситуацијата бара исклучување.

Овие одлуки доведоа до зголемена тензија на теренот и на трибините, а фудбалерите на Баерн јавно го изразија своето незадоволство. Германскиот клуб смета дека судењето имало значително влијание врз текот на натпреварот и конечниот исход.

ПСЖ, сепак, ја задржа предноста од првиот натпревар и се пласираше во финалето со вкупен резултат 6-5, но контроверзиите околу арбитражата продолжуваат да ја обележуваат оваа полуфинална пресметка.

Во меѓувреме, во фудбалската јавност се прават споредби со иста ситуација од друг натпревар одигран во Португалија, каде во идентични околности бил досудуван пенал, што дополнително ја разгорува дебатата околу судиските критериуми.

CATEGORIES
Share This