ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТОТ БРЕГАНА-ЗАГРЕБ – Загина македонски камионџија
Возилото излетало од коловозот и удрило во столб од далновод.

Фото: Принтскрин
Возач на камион, македонски државјанин, го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Брегана – Загреб, во близина на Среданци.
Според првичните информации, возилото излетало од коловозот, ја пробило заштитната ограда и удрило во столб од далновод, по што веднаш се запалило. Во пожарот што настанал по ударот, возачот останал заробен во кабината и, за жал, не успеал да се спаси.
Несреќата била пријавена вчера околу 14 часот во Полициската управа Брод-Посавина. На местото на настанот интервенирале сите надлежни служби за итна помош, а во тек е истрага која треба да ги утврди точните околности и причините за излетувањето на камионот.
CATEGORIES Македонија
