СРЕДБИ ВО ЦИРИХ – ФИФА решава што ќе се случи со Иран

Сè уште нејасни условите за учество на Иран на Мундијалот.

СРЕДБИ ВО ЦИРИХ – ФИФА решава што ќе се случи со Иран
Фото: Принтскрин

Сè поизвесно е дека репрезентацијата на Иран ќе настапи на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, иако сè уште постојат отворени прашања околу условите под кои селекцијата би учествувала и би била примена на турнирот, имајќи ја предвид актуелната геополитичка и безбедносна ситуација.

Според информации што ги пренесуваат светските медиуми, раководството на ФИФА во изминатиот период одржува интензивни контакти со претставници на Иранската фудбалска федерација. Дел од состаноците, како што се наведува, се одржуваат во Цирих, Швајцарија, со цел да се договорат сите технички и организациски детали поврзани со учеството на иранската делегација.

Иако во иранските спортски кругови постои одредена доза на скепса околу целокупниот процес, ставот на федерацијата останува дека земјата е подготвена да настапи на Мундијалот.

Неофицијални информации од ФИФА укажуваат дека до 20 мај се очекува да се одржи нов состанок на кој двете страни би требало да ги финализираат клучните аспекти околу патувањето, престојот и организацијата на иранската репрезентација.

Инаку, Иран своите натпревари во групната фаза би ги започнал на 16 јуни против Нов Зеланд во Лос Анџелес. Во второто коло следува дуел со Белгија, исто така во Лос Анџелес, додека последниот натпревар од групата е закажан за 27 јуни против Египет во Сиетл.

Како потенцијална база за подготовка на репрезентацијата е одреден градот Тусон во американската сојузна држава Аризона.

CATEGORIES
Share This