СТУДЕН ТУШ ЗА КИЕВ -Трамп открива што навистина се случува на фронтот

Доналд Трамп тврди дека Украина губи територии и ја критикува досегашната американска поддршка.

СТУДЕН ТУШ ЗА КИЕВ  -Трамп открива што навистина се случува на фронтот
Фото: Принтскрин

Украина се соочува со губење на дел од своите територии, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во своето обраќање, Трамп упати критики кон претходната администрација предводена од Џо Бајден, нагласувајќи дека на Киев му биле испорачани оружје и воена опрема во вредност од 350 милијарди долари, што според него е неоправдано висока сума.

„Ние го продаваме оружјето на НАТО, а тие понатаму го распределуваат. Ќе кажам вака: Украинците можат да се борат, бидејќи без разлика на квалитетот на опремата имаат способност за отпор“ – изјави Трамп, осврнувајќи се на американската воена поддршка.

Тој го опиша украинскиот претседател Володомир Зеленски како „лукав“, истакнувајќи дека САД остануваат посветени на изнаоѓање мирно решение за конфликтот.

Дополнително, Трамп потсети на средбата со Зеленски во Белата куќа во февруари 2025 година, кога, како што рече, му замерил за однесувањето кое го оценил како агресивно.

CATEGORIES
Share This