НЕ БУДИ МЕ ЗОРО – Музичко првенче на Деан Стојановски создадено со страст и пријателство

„Не буди ме зоро" е повеќе од песна, тоа е доказ дека кога нешто се создава искрено, без калкулации и од длабочината на душата, резултатот секогаш наоѓа пат до публиката.

НЕ БУДИ МЕ ЗОРО – Музичко првенче на Деан Стојановски создадено со страст и пријателство
Фото: PR Art Studio Production

Од срце и без никакви задршки, двајца ентузијасти ја преточија својата емоција во музика и ја создадоа песната „Не буди ме зоро”, дело кое не е само уште една композиција, туку вистинска животна приказна.

Едниот од овој креативен тандем, Деан Стојановски, по пауза од цели 28 години повторно влезе во студио, носејќи со себе искуство, емоција и вонсериски вокал. Со префинет слух и автентична инспирација, тој стои зад музиката на ова дело, потврдувајќи дека вистинскиот талент никогаш не исчезнува – туку чека вистински момент повторно да засвети. Од другата страна, Кирил Котевски за прв пат се впушти во авторство на текст, создавајќи стихови кои природно се слеваат со музиката и ја раскажуваат приказната за соништата, надежта и искрената емоција.

„Но, оваа песна не е дело само на двајца луѓе. Таа е резултат на заедништво, поддршка и искрено пријателство. Зад неа стои тим на врвни музичари и професионалци кои со својата посветеност и знаење ѝ дадоа душа: Миле Кузмановски – човек со огромно искуство во македонската естрада, кој несебично ја вложи својата енергија и поддршка, Илија Филиповски и Војче Петрушев – виртуози кои со своите инструменти ја оживеаја композицијата, Томче и Шарки – со нивната постојана поддршка и вредни совети во текот на целиот процес, Љупчо Павловски-Анастасија – автор на аранжманот кој ја обедини целата приказна во едно музичко дел, Дејан Горгиев (Арт Студио продукција/Балкан Мјузик телевизија) – креаторот на видеото што и даде визуелна форма на оваа емоција и Ресторан Одисеја, локацијата која придонесе видеото да добие модерен и светски изглед”, напишаа тие на социјалните мрежи.

„Не буди ме зоро” е повеќе од песна, тоа е доказ дека кога нешто се создава искрено, без калкулации и од длабочината на душата, резултатот секогаш наоѓа пат до публиката.

Линк од видеоспотот: https://www.youtube.com/watch?v=sBR0Tjvp4a4 

CATEGORIES
Share This