БРАНКО АЗЕСКИ СЕ ЧУДИ – Зошто бизнисмените кај нас се сметаат за сомнителни

Стопанската комора реагира: успешните треба да бидат пример за младите.

БРАНКО АЗЕСКИ СЕ ЧУДИ – Зошто бизнисмените кај нас се сметаат за сомнителни
Фото: Принтскрин

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изрази изненадување од практиката во јавноста поединечните успешни бизнисмени да се прикажуваат како „сомнителни личности“. Според него, токму тие треба да бидат пример за младите генерации.

„Што имаме ние во бизнисот? Имаме поединечни успешни примери кои отстапуваат од просечноста. Но токму тие успешни луѓе кај нас по правило се гледаат како „сомнителни личности“ и потенцијални противници на секоја политичка структура. Наместо да бидат пример за младите, тие често се изложени во јавноста како луѓе што мора да се оправдуваат за својот успех. Звучи неверојатно, но е вистина“, изјави Азески во објава на Фејсбук страницата на Стопанската комора, придружена со негова фотографија на која е оневозможено коментирањето.

CATEGORIES
Share This