ПАДНА ПРВАТА КАДРОВСКА ОДЛУКА – Маѓар го назначува баџанакот за министер за правда

Контроверзии уште на стартот на новата влада во Будимпешта.

ПАДНА ПРВАТА КАДРОВСКА ОДЛУКА – Маѓар го назначува баџанакот за министер за правда
Фото: Принтскрин

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, го предложи адвокатот Мелетеј Барна Мартон за министер за правда, без јавно да наведе дека тој е сопруг на неговата сестра.

Иако Мартон е долгогодишен правен експерт во партијата и се занимава со адвокатура веќе околу 20 години, Маѓар во својата изјава не го спомена нивното семејно поврзување.

Тој истакна дека новото Министерство за правда ќе има задача да го врати владеењето на правото и да воспостави правна рамка која, како што рече, ќе им овозможи на Унгарците да ги добијат средствата од Европската унија што им припаѓаат.

Партијата Тиса победи на парламентарните избори во Унгарија одржани на 12 април.

CATEGORIES
TAGS
Share This