СКРИЕНИ ПРЕГОВОРИ И ГОЛЕМИ ОДЛУКИ – Што точно знае Трамп за Иран

Претседателот тврди дека само тесен круг луѓе има увид во преговорите со Техеран.

СКРИЕНИ ПРЕГОВОРИ И ГОЛЕМИ ОДЛУКИ – Што точно знае Трамп за Иран
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека само тој и уште неколку лица го знаат вистинскиот статус на преговорите со Иран, што според него укажува дека разговорите се во тек, и покрај впечатокот за застој.

Во обраќање во Овалната соба, Трамп нагласи дека јавноста не е информирана за деталите.

„Никој не знае за што точно се преговара, освен јас и неколку луѓе“, рече тој.

Тој додаде дека постои неизвесност околу политичкото раководство во Техеран, оценувајќи дека тоа претставува одреден проблем.

Трамп исто така изјави дека Иран, според него, има интерес да постигне договор, додека економската состојба во земјата се влошува.

Во однос на енергетскиот пазар, тој предвиде дека цените на нафтата ќе паднат значително по завршувањето на конфликтот, иако глобалните цени неодамна достигнаа највисоко ниво во последните години поради стравувања од продолжена криза.

На прашање за можноста за продолжување на воените дејствија, Трамп одговори дека сè уште нема јасна одлука и дека „можеби е потребно, а можеби и не“.

CATEGORIES
Share This