ДВОЈНА ИГРА ВО ТЕХЕРАН – Аракчи обвинет дека работел зад грбот на претседателот
Врвот на иранската власт во нов судир околу улогата на Револуционерната гарда во надворешната политика,

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и претседателот на парламентот Мохамед Багер Калибаф наводно бараат смена на министерот за надворешни работи Абас Аракчи. Според извори запознаени со ситуацијата, тие го обвинуваат дека во нуклеарните преговори постапувал по насоки од командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), без да го информира претседателот.
Според информации објавени од Iran International и пренесени од Тасним, Пезешкијан и Калибаф сметаат дека Аракчи во последните недели повеќе настапувал како соработник на ИРГЦ отколку како министер кој ја спроведува официјалната државна политика. Наводно, тој бил во тесна координација со Ахмад Вахиди, командант во ИРГЦ, додека истовремено не го информирал претседателот за своите активности.
Ова, според истите извори, предизвикало сериозно незадоволство кај Пезешкијан, кој наводно размислува за негово разрешување доколку ваквата практика продолжи. Во меѓувреме, извештаи за несогласувања меѓу државните институции и Револуционерната гарда се појавиле и кон крајот на март, кога биле забележани тензии околу пристапот кон прашања поврзани со безбедноста, војната и економските последици за земјата.
