ОДМАЗДА ИЛИ ПОЛИТИКА – Американските војници си заминуваат од Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп најави можно намалување на военото присуство во Германија.

Фото: Принтскрин
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон разгледува можност за намалување на бројот на американските војници стационирани во Германија.
Во објава на мрежата Truth Social, тој наведе дека одлука за ова прашање би можела да биде донесена во релативно краток рок.
Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц во понеделникот изјави дека не е јасно каква стратегија имаат САД за излез од војната со Иран.
Мерц оцени и дека целата американска нација е „понижена“ од иранското раководство, особено од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест
