ЦЕНА ШТО ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА – Барел нафта рекордни 124 долари, светот во тревога
Повлекување на ОАЕ од ОПЕК Плус ја разниша енергетската стабилност.

Фото: Принтскрин
Во изминатите 48 часа на светските берзи е забележан значителен пораст на цената на суровата нафта.
Барелот нафта „Брент“ утрово се продава по 124,84 долари, што претставува највисоко ниво од 2022 година досега.
Истовремено, американската сурова нафта WTI се тргува по цена од над 109 долари за барел.
Овој ценовен скок се случува во период кога пазарите реагираат на неочекуваното повлекување на Обединетите Арапски Емирати од ОПЕК Плус, како и на зголемените стравувања дека конфликтот меѓу САД и Иран би можел да ескалира.
CATEGORIES Бизнис
