ЌЕ ПЛАЌАМЕ ЛИ ПОВЕЌЕ – Еве дали цените на горивата од утре одат нагоре или паѓаат

Одлуката на Регулаторната комисија ќе покаже дали следи нов ценовен удар.

ЌЕ ПЛАЌАМЕ ЛИ ПОВЕЌЕ – Еве дали цените на горивата од утре одат нагоре или паѓаат
Фото: Национал

Граѓаните и компаниите утре ќе дознаат дали ќе следи ново поскапување или евентуално поевтинување на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика ќе ја објави најновата одлука.

Цените на нафтата на светските пазари во изминатиот период бележат нестабилни движења, главно поради зголемените тензии на Блискиот Исток и дипломатските активности меѓу САД и Иран. Овие фактори директно влијаат врз вредноста на суровата нафта и ја зголемуваат неизвесноста на глобалните берзи.

Од Меѓународната агенција за енергетика предупредуваат дека ризиците поврзани со снабдувањето се сериозни и можат да предизвикаат значителни нарушувања на пазарот, особено поради стратешкото значење на Ормускиот теснец како клучна рута за транспорт на нафта во светот.

Домашните институции, од своја страна, уверуваат дека состојбата внимателно се следи и дека во моментов нема недостиг од гориво. Според нив, мерките како намалување на ДДВ и акцизите, како и соработката со ОКТА, придонеле цените да останат релативно стабилни во споредба со земјите во регионот.

Во моментов, малопродажните цени изнесуваат околу 80,5 денари за литар Еуросупер БС-95, 82,5 денари за БС-98, додека дизелот се продава по 94 денари за литар.

Одлуката што ќе биде донесена утре ќе покаже дали глобалните притисоци ќе се одразат и врз домашниот пазар или ќе има простор за намалување на цените.

CATEGORIES
Share This