СЕДУМ ГОДИНИ ДРАМА – Нетанјаху пред можен договор за вина, затворот станува реалност

Канцеларијата на Херцог потврдува обиди за постигнување договор меѓу Нетанјаху и обвинителството.

СЕДУМ ГОДИНИ ДРАМА – Нетанјаху пред можен договор за вина, затворот станува реалност
Фото: Принтскрин

Канцеларијата на израелскиот претседател Исак Херцог потврди дека тој се обидува да посредува за постигнување договор за признавање вина меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и обвинителството во судскиот процес за корупција, кој трае веќе седум години.

Во реакција на извештај на „Њујорк тајмс“, во кој се цитираат извори блиски до претседателот, од канцеларијата на Херцог за „Тајмс оф Израел“ соопштија дека тој и понатаму смета дека договор меѓу страните би бил најсоодветно решение.

Како што наведуваат, Херцог верува дека преговорите за евентуално признавање вина се важен чекор во обидот да се постигне спогодба надвор од судницата, пред воопшто да се разгледува прашањето за помилување.

Според истиот извештај, претседателот во овој момент не планира да го одобри барањето за помилување на Нетанјаху и смета дека постојат и други можности освен едноставно прифаќање или одбивање на барањето. Сепак, не се наведуваат детали за тоа како би изгледал можниот договор за признавање вина.

CATEGORIES
TAGS
Share This