СВЕДОЦИ ТВРДАТ – Се слушале пукања, а потоа два автомобили изгореа целосно

Пожарникарите со брза интервенција спречија поголема катастрофа.

СВЕДОЦИ ТВРДАТ – Се слушале пукања, а потоа два автомобили изгореа целосно
Фото: Принтскрин

Два автомобила целосно изгореа рано утринава, околу 5 часот, на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, спречено е проширување на огнот кон околните возила и објекти.

Жители од околните згради сведочат дека непосредно пред да го забележат пожарот, слушнале звуци слични на пукање и почувствувале силен, непријатен мирис.

Пожарот избувнал на паркинг со поголем број паркирани автомобили, што ја зголемило опасноста од поголема материјална штета. Огнот зафатил две возила кои целосно биле уништени.

Дел од жителите се сомневаат дека пожарот можеби е подметнат, но засега нема официјална потврда за причините. Надлежните служби извршиле увид, а полицијата работи на утврдување на околностите под кои избувнал пожарот.

CATEGORIES
Share This