АКО ПАТУВАТЕ ДЕНЕС – Проверете ги овие делници пред да тргнете

Нема задржувања на границите, но возачите се повикуваат на зголемено внимание.

АКО ПАТУВАТЕ ДЕНЕС – Проверете ги овие делници пред да тргнете
Фото: Национал

Денеска (26.04.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македојнија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This