ТЕШКА ДРАМА МЕЃУ СОЈУЗНИЦИ – САД размислуваат за удар врз британскиот суверенитет
Интерни документи откриваат фрустрации во Вашингтон кон одредени европски сојузници.

Сојузниците САД и Велика Британија се повеќе ги заоструваат меѓусебните односи по разочарувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Британците не му пружија подршка во војната со Иран.
Најново, британската влада реагираше на информации во јавноста дека САД може да ја преиспитаат својата подршка за суверенитетот на Британците над Фокландските острови.
Исто така, од страна на САД биле разгледувани и мерки против други сојузници во НАТО кои не ја подржале војната на САД со Иран.
Портпарол на британскиот премиер изјави дека позицијата на Обединетото Кралство останува непроменета и јасна:
„Суверенитетот над Фолкландските Острови му припаѓа на Обединетото Кралство, а правото на самоопределување на жителите е од суштинско значење.“
Тој додаде дека жителите на островите повеќепати со големо мнозинство се изјасниле дека сакаат да останат под британска управа.
На прашањето дали ваквиот став директно му е пренесен на американскиот претседател Доналд Трамп, портпаролот одговори дека не сака да навлегува во претпоставки, повторувајќи дека британската позиција е конзистентна.
Според извештаи, Пентагон анализира повеќе политички и безбедносни опции кон членки на НАТО кои, според Вашингтон, не дале соодветна поддршка за американските операции против Иран.
Меѓу потенцијалните мерки се спомнува и можност за ограничување на учеството на Шпанија во одредени активности на алијансата, како и преиспитување на американскиот став кон прекуокеанските територии на европските сојузници, меѓу кои и Фолкландските Острови.
Особено незадоволство, според истите извори, постои кон Шпанија поради одбивањето да дозволи користење на нејзини воени бази и воздушен простор за одредени американски операции.
Трамп претходно повеќепати ги критикуваше членките на НАТО за недоволно учество во заеднички воени мисии, а во неколку наврати ја спомена и можноста за преиспитување на американското учество во алијансата.
Иако не е јасно дали постои формален механизам за вакви чекори, аналитичарите предупредуваат дека ваквите најави би имале значајно политичко и симболично влијание врз односите меѓу сојузниците.
Во поширок контекст, воените тензии со Иран повторно ги отворија прашањата за единството во НАТО и за улогата на САД во системот на колективна безбедност.
Национал веќе пренесе изјава на американкиот министер за војна Хегсет дека НАТО не може да функционира како „еднонасочна улица“ и дека сојузниците мора да преземат поголем дел од товарот во заедничките операции.
ХЕГСЕТ БЕЗ РАКАВИЦИ – Европа „спие“, Америка ја презема контролата
