ЛОШИ ВЕСТИ ЗА БАРСЕЛОНА – Јамал надвор до крај на сезоната, што значи тоа за Реал
Добра вест за Шпанија е што се очекува да биде подготвен за Светското првенство.

Каталонскиот клуб соопшти дека младиот напаѓач заработил повреда на задната ложа (бицепс-феморис мускул) на левата нога, поради што ќе мора да паузира до крајот на сезоната. Повредата ја заработи на мечот против Celta Vigo, каде што го постигна победничкиот гол, но беше принуден да го напушти теренот уште во првото полувреме.
Според официјалното соопштение, за Јамал ќе следи конзервативен третман, а добрата вест е што се очекува целосно да се опорави навреме за настап со Шпанија на претстојното Светско првенство.
Иако неговото отсуство е сериозен удар за Барселона, тимот има солидна предност на врвот во Ла Лига, па клубот не сака да ризикува со еден од своите клучни играчи.
Јамал беше меѓу најдобрите оваа сезона и на 45 натпревари запиша импресивни 24 голови и 18 асистенции, што дополнително ја нагласува тежината на неговото отсуство.
Поради повредата, тој ќе го пропушти и големото дерби против реал Мадрид, натпревар во кој Барселона би можела и математички да ја обезбеди шампионската титула.
ДРАМА НА НАТПРЕВАРОТ – Јамал падна на терен веднаш по пеналот
