БАРНЛИ ПОТОНА, СИТИ ЛЕТА – Двојна драма во Премиер лигата
Сити го престигна Арсенал и ја презеде лидерската позиција.

Манчестер Сити славеше минимална, но значајна победа од 1:0 на гостувањето кај Барнли на „Турф Мур“ и со тоа се искачи на врвот на табелата во Премиер лигата, пет кола пред крајот на сезоната.
Со овој триумф, тимот на Пеп Гвардиола го престигна Арсенал, кој досега беше лидер речиси целата сезона. Двата тима сега имаат по 70 освоени бода и идентичен број натпревари, како и истa гол-разлика (+37), но Сити е прв поради поголем број постигнати голови (66:29 наспроти 63:26), како и подобар меѓусебен скор.
Единствениот гол на натпреварот падна уште во петтата минута. Џереми Доку тргна во брза контра и го проигра Ерлинг Халанд во празен простор, а норвешкиот напаѓач рутински ја смести топката зад голманот Дубравка.
До крајот на дуелот, Сити ја контролираше играта и создаде уште неколку сериозни шанси, при што упати дури 28 удари кон голот, од кои 11 во рамките на рамката.
Со овој пораз, Барнли и официјално ја загуби шансата за опстанок во Премиер лигата, бидејќи на четири кола пред крајот заостанува 13 бода зад безбедната зона. Од елитата претходно испадна и Вулверхемптон.
