СЕ ПОВЛЕКУВААТ СТАРИТЕ БАНКНОТИ ОД 50 ЕВРА Да не се крева паника, Европската банка повика на навремена замена
Граѓаните се повикуваат навреме да реагираат и да придонесат кон побезбедна и посигурна економија во рамки на Европската унија.

Европската централна банка (ЕЦБ) започна со постепено повлекување на постарите верзии на банкнотата од 50 евра, со цел зголемување на безбедноста на платните трансакции и заштита на граѓаните од можни измами.
Станува збор за банкнотите од 50 евра издадени пред 2017 година, кои се дел од старата серија и веќе се заменуваат со поновата серија „Европа“. Новите банкноти се опремени со напредни безбедносни елементи како холограми и специјални бои, што значително го отежнува нивното фалсификување.
Од ЕЦБ информираат дека иако старите банкноти се повлекуваат од оптек, тие нема да ја изгубат својата вредност. Граѓаните ќе можат да ги потрошат, да ги депонираат на банкарска сметка или да ги заменат во филијалите на Централните или некои комерцијални банки – без никакви трошоци.
Процесот на повлекување веќе е започнат, а се очекува да се интензивира во наредните месеци. Иако не е одреден краен рок за замена, од ЕЦБ препорачуваат граѓаните што поскоро да ги проверат своите банкноти и, доколку се од старата серија, да ги употребат или заменат за да избегнат евентуални компликации.
Оваа мерка е дел од пошироката стратегија за модернизација на евробанкнотите, која досега ги опфати и апоените од 5, 10 и 20 евра. Со оглед на тоа што банкнотата од 50 евра е најчесто користениот апоен во еврозоната – со речиси девет милијарди примероци во оптек – нејзината безбедност претставува приоритет за европските монетарни власти.
Граѓаните се повикуваат навреме да реагираат и да придонесат кон побезбедна и посигурна економија во рамки на Европската унија.


