ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ ПРЕНАСОЧУВААТ – Дали пченицата ја губи битката со тутунот?
Новите субвенции и откупните цени ја менуваат земјоделската структура.

Македонските земјоделци сè повеќе се ориентираат кон култури што носат поголем приход, при што годинава расте интересот за тутун, додека опаѓа производството на жито.
Според податоците, во 2025 година се бележи намалување на површините под житни култури за околу 2.500 хектари пченица, во споредба со 2024 година. Пченицата годинава се откупувала по околу 11 до 14 денари за килограм, што дополнително влијае на интересот за сеидба.
Истовремено, расте производството на тутун. Се склучени над 35.000 договори за откуп на површина од околу 15.000 хектари, а во последната реколта се откупени околу 26 милиони килограми тутун, со очекувања за зголемување.
Земјоделците реагираат и на новите правила за субвенции, кои според нив поставуваат построги услови за површини, приноси и користење сертифицирано семе.
Од надлежните најавуваат дека исплатата на субвенциите за тутунарите ќе започне наскоро, по завршување на контролите
