ЛУЃЕ КАКО СТАТУИ, МУЗИКА И БОЈА – Центарот на Скопје изгледаше како филм

Улица Македонија се претвори во отворена уметничка сцена со перформанси и музика.

ЛУЃЕ КАКО СТАТУИ, МУЗИКА И БОЈА – Центарот на Скопје изгледаше како филм
Фото: Принтскрин

Во Скопје, на улица „Македонија“, се одржа настанот „Центарски улици 4,  Светски ден на уметноста“, кој го претвори централното градско подрачје во отворена сцена исполнета со уметност и перформанси.

Организаторите информираат дека улицата била трансформирана во жив уметнички простор со учество на улични „живо статуи“ во продукција на Театроск, како и ликовни уметници студенти од Универзитетот АУЕ-ФОН, кои создавале дела во живо пред публиката. Дел од програмата биле и улични перформанси, DJ сетови и музички настапи.

Од здружението „Театроск“ посочуваат дека целта на настанот е да се отвори простор за младите уметници, да им се овозможи директна презентација пред јавноста, како и да се поттикне развојот на современата уметност преку активирање на јавниот простор.

Настанот, организиран од Здружението на граѓани „Театроск“ од Скопје, е поддржан од Општина Центар и е дел од нејзината Програма за култура за 2026 година, а воедно се одбележува и Светскиот ден на уметноста и 50-годишнината од постоењето на Општина Центар.

„Центарски улици“ годинава се одржаа по четврти пат, повторно претворајќи го центарот на Скопје во сцена на отворено исполнета со уметничка енергија и публика.

CATEGORIES
Share This