БИТКА ЗА ВРВОТ НА УКИМ – Двајца кандидати влегуваат во жестока трка за ректор

Избори на 28 април: УКИМ бира нов ректор за мандат 2026–2029 година

БИТКА ЗА ВРВОТ НА УКИМ – Двајца кандидати влегуваат во жестока трка за ректор
Фото: Принтскрин

На 28 април ќе се одржат избори за нов ректор на најстариот државен универзитет, „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, кој ќе ја води институцијата во мандатниот период од 16 септември 2026 до 15 септември 2029 година. Гласањето ќе биде тајно и ќе се спроведе на сите единици во состав на универзитетот, во периодот од 12 до 14 часот.

Во трката за функцијата се пријавени двајца кандидати со целосна документација: актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт и проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет.

Проф. Данев, кој во периодот 2016-2023 година беше декан на Машинскиот факултет, во својата програма се залага за модернизација и меѓународна конкурентност на универзитетот. Неговиот фокус е насочен кон дигитална трансформација, посилно поврзување со индустријата и поголема поддршка за студентите и младите истражувачи.

Од Универзитетската изборна комисија информираат дека изборниот процес се одвива согласно утврдениот роковник. Утре истекува рокот за поднесување приговори за кандидатските листи, по што на 21 април ќе бидат објавени програмите за работа и биографиите на кандидатите.

Првичните резултати од гласањето се очекува да бидат познати веднаш по изборниот ден, на 28 април, додека конечните резултати ќе бидат објавени на 14 мај, по завршување на сите евентуални жалбени постапки и прегласувања.

CATEGORIES
Share This