МЕЛОНИ ОСТРО ПРОТИВ ТРАМП – Не се плашам да му кажам сè во лице
Италијанската премиерка повторно реагира на изјавите на Трамп упатени кон папата Лав XIV.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес повторно ги осуди изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени кон поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, оценувајќи дека тие се неприфатливи.
Мелони изјави дека не би се чувствувала пријатно во општество во кое верските лидери би постапувале според политичките диктати, нагласувајќи дека отворено не се согласува со вакви ставови.
За време на посетата на саем за вино во Верона, таа беше прашана дали Трамп треба да се извини, при што повтори дека смета оти неговите коментари за папата се недолични и неприфатливи.
Таа додаде дека не се плаши да му го каже своето мислење на Трамп, истакнувајќи дека во рамки на сојузништвото меѓу Италија и САД е важно да постои искреност и отворено несогласување кога е потребно.
