ФИЛИПЧЕ ОТВОРИ ДИЛЕМА – Враќање, бегство или нова дестинација за Груевски
Отворено прашање, дали следува враќање на Груевски во земјата или нова дестинација како Русија.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче отвори серија прашања околу иднината на поранешниот премиер Никола Груевски, во контекст на политичките промени во Унгарија и пораките што доаѓаат од новото раководство во Будимпешта.
Филипче јавно праша што следува за Груевски во ситуација кога, како што наведе, повеќе нема политичка заштита во Унгарија, каде што со години престојува. Тој отвори дилеми дали поранешниот премиер ќе побара ново засолниште споменувајќи ја Русија како една од можностите или ќе се врати во земјата за да ја издржи затворската казна.
Воедно, Филипче ја поздрави пораката од новата унгарска власт, поврзана со Петер Маѓар, дека државата нема да биде прибежиште за лица кои се во бегство од правдата, оценувајќи ја како сигнал за поинаков пристап во однос на ваквите случаи.
