ДЕНЕС НОСЕТЕ СÈ – Сонце, облаци и дожд во ист ден

Попладне и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи во јужните и западните делови

ДЕНЕС НОСЕТЕ СÈ – Сонце, облаци и дожд во ист ден
Фото: Национал

Времето денеска (14.04) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 5 до 21 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

CATEGORIES
Share This