ЧЕСТИТКА ШТО ОДЕКНА – Муцунски му честиташе на Маѓар
Во фокусот се идните чекори и можната нова динамика меѓу двете земји.

Фото: Принтскрин
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, упати честитки до Петар Маѓар за изборниот резултат во Унгарија.
„Честитки до @magyarpeterMP за изборните резултати. Граѓаните на Унгарија го изразија своето мислење, а демократската волја на народот е најважна“, напиша Муцунски.
Тој додаде дека Македонија ги цени добрите билатерални односи изградени низ годините и изрази очекување за продолжување на соработката меѓу двете земји, заснована на меѓусебна почит, партнерство и заедничка европска иднина.
CATEGORIES Македонија
