КЛИМАВО ПРИМИРЈЕ – Трамп со жестока закана, Иран возвраќа
Америка останува на своите позиции додека се очекува одлука на Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата мрежа Truth Social упати остро предупредување до Иран дека САД ќе започнат вооружен напад доколку Техеран не се придржува до договорот. Тој напиша дека сите американски бродови, авиони и воен персонал ќе останат на своите позиции додека Иран не ги исполни условите на договорот.
„Ако тоа не се случи, што е многу малку веројатно, пукaњето започнува, поголемо, подобро и посилно од било кој претходен обид. Договорот беше постигнат одамна, нема нуклеарно оружје, а Ормутскиот теснец ќе остане отворен и безбеден. Америка се врати!“, напиша Трамп.
Од друга страна, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, предупреди дека САД мора да изберат дали сакаат прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел.
„Условите се јасни и експлицитни. САД не можат да ги имаат и двете. Топката е во дворот на Америка, а светот гледа дали ќе се држат до своите обврски“, истакна Аракчи на својот X профил.
Иран претходно прогласи „историска и разорна победа“ над САД и Израел по 40 дена конфликт, наведувајќи дека Вашингтон бил принуден да прифати ирански предлог кој вклучува прекин на огнот, укинување на санкциите и повлекување на американските сили од регионот.
Сепак, израелските сили продолжија со жестоки напади врз Либан, погодувајќи околу 100 цели во рок од 10 минути. Во нападите загинаа најмалку 254 Либанци, а околу 1.165 се повредени.
