50 ГОДИНИ КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА – Нова поштенска марка за јубилејот
По повод 50 години од постоењето на Кинотеката, Лазе Трипков дизајнира уникатна поштенска марка.

Фото: Принтскрин
Денеска во Кинотека на Македонија ќе биде промовирана нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, по повод јубилејот 50 години од постоењето на институцијата.
На настанот ќе се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски; директорот на Поштенски сообраќај во АД Пошта, Бојан Кереместевски; како и раководителот на Архивот на Кинотеката, Игор Старделов.
CATEGORIES Култура
