НЕВИДЕН ХАОС НА ЌАФАСАН – Редици за гориво и храна

Граѓаните од Албанија чекаат над 2 часа за да влезат во Македонија – поради поскапување низ целиот свет.

НЕВИДЕН ХАОС НА ЌАФАСАН – Редици за гориво и храна
Фото: Принтскрин

Денеска е забележан голем проток на возила на граничниот премин „Ќафасан“. Редиците се создадени поради потребата за купување нафта и храна по пониски цени, кои пораснале и во Албанија, но и во светот, како последица на војната во Иран.

Според снимките објавени од „Еуроњуз Албанија“, редиците се долги, а граѓаните чекаат повеќе од два часа за да преминат од Албанија во Македонија. Слична ситуација е пријавена и на граничниот премин Какавија со Грција.

За утре во Скопје е најавена вонредна владина седница. Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на акцизите за гориво, со цел да се спречи големо поскапување.

„Во моментот немаме индиции за ограничување на волуменот, за разлика од некои земји членки на ЕУ. Напротив, голем број граѓани од соседните земји доаѓаат кај нас за да ги наполнат своите резервоари“, рече Мицкоски.

На прашањето дали може да се воведат препораките на ЕУ за штедење, тој додаде:

„Имаме доволно количини, сега за сега нема потреба од дополнителни мерки.“

CATEGORIES
Share This