МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ПОВТОРНО НА ГОЛЕМО ПЛАТНО – Бесплатни проекции секој понеделник

Прв дојден, прв услужен и без претходна резервација на билети.

МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ПОВТОРНО НА ГОЛЕМО ПЛАТНО – Бесплатни проекции секој понеделник
Фото: Принтскрин

Бесплатни кинопроекции на македонски филмови во „Синеплекс“ во Скопје ќе се случуваат од 6 април (понеделник). Проектот има за цел да ја доближи домашната кинематографија до публиката и се реализира во соработка со „Синеплекс“. Секоја понеделничка проекција ќе биде бесплатна, со надеж македонските филмови повторно да се најдат таму каде што припаѓаат, на големото платно.

Љубителите на седмата уметност ќе можат да проследат внимателно избрани македонски филмови секој понеделник во 18:00 часот, во професионални киноуслови. Влезот е бесплатен и ќе се применува принципот „прв дојден, прв услужен“, без потреба од претходна резервација.

Програмата за април започнува со:

  • „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски – 6 април (одбележува 15 години од премиерата)
  • „Avec L’amour“ во режија на Илија Цветковски – 13 април
  • „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона С. Митевска – 20 април
  • „Хомо“ во режија на Игор Иванов – 27 април
CATEGORIES
Share This