ИГРАЧОТ НА ГОДИНАТА ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК – Гвардиола нема да го сопре

Не можете да одбиете понуда од најдобриот клуб на светот, истакнува Гвардиола.

ИГРАЧОТ НА ГОДИНАТА ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК – Гвардиола нема да го сопре
Фото: Принтскрин

Пеп Гвардиола е јасен околу иднината на Родри и доколку играчот реши да го напушти Манчестер Сити, тренерот нема да го спречува.

Во светло на интересот од Реал Мадрид и желбата на претседателот Флорентино Перез да го доведе, Гвардиола нагласува дека клубот е поважен од индивидуалните желби:

„Постојат играчи кои можат да го заменат Родри. Не веднаш, но со текот на времето. За мене, не можете да одбиете таков клуб, најдобриот на светот“, рече тој.

Гвардиола додаде дека ако некој не е среќен во тимот, секогаш има опција да си замине.

„Клубот е над сите нас. Ако не си среќен, можеш да тргнеш; ако си среќен, остануваш. Доволно е да се разговара со спортскиот директор и да се прифати понудата и тоа е заслужено поради твојот квалитет.“

Интересот на Реал Мадрид ја потврдува вредноста на Родри како еден од најдобрите средини играчи во светот, а евентуалниот трансфер ќе биде значајна аквизиција за „кралскиот клуб“.

CATEGORIES
Share This