ЕУ ГО КАЗНУВА ПРОФИТОТ ОД ВОЈНАТА – Данок за компаниите кои заработуваат на сметка на граѓаните
Министрите предупредуваат дека оние кои профитираат од последиците од војната мора да помогнат на граѓаните.

Фото: Принтскрин
Пет министри за финансии на ЕУ од Германија, Австрија, Италија, Шпанија и Португалија предложија воведување данок на неочекуваниот профит на енергетските компании, како одговор на растот на цените на енергијата по војната меѓу САД и Израел и Иран, известува Ројтерс.
Тие наведуваат дека мерката ќе испрати јасна порака дека „оние кои профитираат од последиците од војната мора да го олеснат товарот врз граѓаните“. Писмото до Европската комисија не содржи детали за висината на данокот или кои компании ќе бидат опфатени.
Во меѓувреме, Ден Јергенсен од Европската комисија предупреди дека цените на енергијата би можеле да останат високи подолго време.
CATEGORIES Бизнис
