СЕКУНДИ ОД ЖИВОТ – Специјалните сили на САД извршија опасна спасувачка мисија во Иран

Американските специјални сили реагираа по соборувањето на Ф-15 од страна на Иран.

СЕКУНДИ ОД ЖИВОТ – Специјалните сили на САД извршија опасна спасувачка мисија во Иран
Фото: Принтскрин

Американските специјални сили влегоа во Иран во петокот вечерта за да спасат член на екипажот од соборен американски борбен авион, објави британскиот Телеграф.

Иран собори американски Ф-15 во својот воздушен простор, што беше првиот борбен авион уништен од непријателски оган од почетокот на конфликтот. Двајца членови на екипажот се катапултираа, што предизвика трка меѓу Иран и САД за нивно пронаоѓање.

Еден од пилотите беше спасен во операција со два американски хеликоптера и нисколетен танкер, кои беа погодени од ирански оган. Едниот хеликоптер се врати со чад, но безбедно слета на ирачка територија.

Локацијата на вториот пилот останува непозната, додека иранските медиуми прикажаа распоредување локални милиции за пребарување. За неговото апсење беше понудена награда од 60.000 долари, а Иран го прогласи соборувањето на авион за „победа“.

CATEGORIES
TAGS
Share This