(ВИДЕО) ШПАНСКАТА ПРИНЦЕЗА НАПРАВИ ИСТОРИЈА – Прв лет без инструктор
На воена писта во Мурсија, Леонор го изведе својот прв лет со модерниот авион Pilatus PC-21.

На воена писта во југоисточна Шпанија, тивко, но со силна симболика, се случи значаен момент за иднината на шпанската монархија. Наследничката на престолот, принцезата Леонор од Астурија, успешно го изведе својот прв самостоен лет и важен чекор во нејзината воена обука и личен развој, пренесуваат шпанските медиуми.
Според соопштението на кралската куќа, летот бил реализиран на 18 декември 2025 година во Воздухопловната академија во Сантијаго де ла Рибера, во регионот Мурсија. Принцезата управувала со авион целосно самостојно, додека инструктор ја следел од друго летало и стандардна процедура што потврдува дека кадетот ги има совладано клучните вештини и безбедносни протоколи.
Таа летала со современиот тренажен авион „Пилатус ПЦ-21“, кој иако понекогаш во јавноста погрешно се нарекува бомбардер, всушност служи за напредна обука и симулација на сложени борбени мисии.
Во рамки на интензивната програма, Леонор поминала низ различни сегменти на обука и од формациско летање и симулирани воздушни борби, до напредна инструментална навигација и тактички маневри. Овие вештини се клучни за нејзината идна улога како врховен командант на вооружените сили.
Принцезата се приклучи на Воздухопловната академија на 1 септември 2025 година, со чин потпоручник, во рамки на забрзана програма што трите години школување ги кондензира во една.
Нејзината воена едукација е дел од поширока стратегија што ги опфаќа сите три рода на војската. Во 2023 година ја заврши обуката во копнената војска во Сарагоса, а во 2024 продолжи во поморската академија во Марин, каде што учествуваше и на шестмесечна пловидба со школскиот брод „Хуан Себастијан де Елкано“.
Овој пат ја следи семејната традиција и нејзиниот татко, кралот Фелипе VI, е обучен воен пилот, што дополнително ја засилува симболиката на овој важен момент.
