ИТАЛИЈАНСКИТЕ АЅУРИ ВО КРИЗА – Гатузо си оди, Пеп Гвардиола можеби следен
Масимилијано Алегри, Манчини и Конте во трка за клупата, но Италијанците мечтаат за Пеп Гвардиола.

Се очекуваше и се случи: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на италијанската фудбалска репрезентација. „Аѕурите“ доживеаја нов дебакл откако беа елиминирани од Босна и Херцеговина во плејофот за Светското првенство, пропуштајќи го најголемото фудбалско натпреварување по трет пат по ред.
Последиците беа драматични. Џанлуиџи Буфон, директор на репрезентацијата, прв поднесе оставка, а потоа и претседателот на Италијанската фудбалска федерација го следеше примерот. Гатузо е третиот кој си заминува, а официјалното соопштение се очекува наскоро, објавува „Скај спортс“.
Поранешниот играч на Милан дојде на клупата во многу деликатен момент, по серија лоши резултати во Хајдук. Сега големото прашање е кој ќе го наследи. Масимилијано Алегри се споменува како прва опција, но се разгледуваат и Роберто Манчини и Антонио Конте, додека медиумите истакнуваат дека Италијанците би сакале дури и големо име како Пеп Гвардиола.
Шпанецот, кој моментално е на чело на Манчестер Сити, има искуство во Серија А и го зборува италијанскиот, што го прави атрактивна опција. Последен пат Италија имала странски селектор во 60-тите години, кога на клупата бил Хеленио Херера.
Италијанската јавност сега посакува на клупата да седне искусен и докажан тренер, кој ќе може да го врати репрезентативниот фудбал на „аѕурите“ на врвно ниво.
