СЕ УШТЕ НЕ СМЕ ПОЧНАЛЕ – Иран под закана од целосно уништување

Трамп предупредува дека американската војска сè уште не го започнала уништувањето на Иран.

СЕ УШТЕ НЕ СМЕ ПОЧНАЛЕ – Иран под закана од целосно уништување
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека американската војска сè уште не почнала со уништување на она што останало во Иран и предупреди дека следните цели, по мостовите, би можеле да бидат електраните.

„Нашата војска, најголемата и убедливо најмоќната во светот, сè уште не почнала да го уништува она што останало во Иран. Следно се мостовите, а потоа електраните. Новото раководство знае што мора да се направи и тоа треба да се стори брзо“, рече Трамп на својата платформа Truth Social.

Локалните власти соопштија дека најмалку осум лица загинале, а 95 се повредени во американските напади врз мост во Карај, град близу Техеран, во четвртокот.

Иранската новинска агенција Фарс извести дека мостот Б1 бил погоден додека спасувачите им помагале на жртвите од првиот напад.

Вчера, Трамп на Truth Social објави дека „најголемиот мост во Иран се урнал“ и го повика Техеран да постигне договор пред да биде предоцна. Тој додаде дека мостот „е срушен и никогаш повеќе нема да се користи“ и најави дека „ќе следат уште напади“.

Меѓутоа, израелската армија ги демантираше обвинувањата дека била вмешана во нападот, објави The Times of Israel.

CATEGORIES
TAGS
Share This