НЕ ПРОПУШТАЈТЕ – Земјоделци, еве колку ќе добиете за вашиот тутун во 2026
Колку денари по хектар или по килограм зависи од класа на тутунот.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека за 2026 година се определени две мерки за поддршка на производството на тутун.
Подмерка 1.1. во однос на директни плаѓања по обработлива земјоделскат површина наменета за земјоделски стопанства кои во 2026 година имаат засадено тутун и го продале на регистрирани откупувачи. Се плаќа по површина од 6.000 денари по хектар. Парцелите мора да бидат евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) и СИЗП (Систем за идентификација на земјоделските парцели). Парцелите што не се евидентирани, не добиваат плаќање.
Подмерка 3.1. во однос на директните плаѓања по количина за ориентален ароматичен тутун која е наменета за земјоделски стопанства кои тутунот од реколта 2025 година го договориле и продале на регистрирани откупувачи. Се плаќа по килограм од 60 до 80 денари во зависност од класата на тутунот. Исплатата се врши врз основа на количините внесени од откупувачите во електронскиот систем. Не е потребно барателот да аплицирал за подмерката по површина (1.1) за да добие плаќање по количина (3.1).
Агенцијата ќе продолжи да ги следи реакциите на земјоделците и ќе објавува дополнителни објаснувања ако е потребно.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Агенцијата: www.iprdpa.gov.mk
