СВЕДОШТВО ОД ТЕХЕРАН – Она што паѓа од небото е дожд измешан со нафта

Новинар на CNN јавува дека дождовницата изгледа црна и е заситена со честички од нафта.

СВЕДОШТВО ОД ТЕХЕРАН – Она што паѓа од небото е дожд измешан со нафта
Фото: Принтскрин

Утрово жителите на Техеран се разбудија под густи црни облаци, откако израелските напади погодија ирански нафтени складишта во близина на главниот град.

Според известувањето на новинарот на CNN, Фредерик Плајтјен, над градот паѓа необичен дожд, вода која изгледа затемнета и заситена со нафтени честички.

„Она што паѓа врз иранскиот главен град е како дожд измешан со нафта“, објасни Плајтјен.

Тој додава дека дождовницата изгледа црна поради загадувањето во воздухот.

Речиси 10 милиони жители на Техеран утрото го дочекаа под темни облаци и силно загаден воздух, како последица од пожарите и оштетувањето на нафтената инфраструктура по нападите.

CATEGORIES
Share This