ЛУКОИЛ ГИ ОГРАНИЧУВА ТОЧЕЊАТА НА ДИЗЕЛ – Инспекцијата на терен

Компанијата наведува дека ограничувањето е дел од општествено одговорно работење за еднаква заштита на потрошувачите.

ЛУКОИЛ ГИ ОГРАНИЧУВА ТОЧЕЊАТА НА ДИЗЕЛ – Инспекцијата на терен
Фото: Национал

Компанијата „Луколил Македонија“ објави дека привремено го ограничува точењето на дизел гориво – Евро дизел БС и ЕКТО дизел за камиони, трактори и автобуси на максимум 50 литри по возило. Ова ограничување не важи за возила кои гориво точат според склучени договори со компанијата.

Во известувањето се нагласува дека е забрането точење гориво во садови, туби или канистри кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди. Од Луколил објаснуваат дека мерката е воведена како дел од општествено одговорното работење, за да се заштитат интересите на сите потрошувачи.

Известувањето е потпишано од подружницата „Б.С. Прилеп 004“, која се наоѓа на патот Прилеп-Битола. Компанијата не соопшти дали ограничувањето ќе важи и за другите подружници, ниту дали има цел да го задржи горивото до утврдувањето на новите цени од Регулаторната комисија, кои ќе стапат на сила од вторник.

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека инспекциските служби се на терен и ја следат ситуацијата, откако граѓаните пријавиле дека слични ограничувања се воведуваат и кај други компании.

CATEGORIES
TAGS
Share This