ПЕСЕКИЈАН ПОЈАСНУВА – Непријателите ја искривија нашата изјава за регионален мир
Иранскиот преоден совет одлучил да не напаѓа освен ако прво не биде нападнат

Иранскиот претседател Масуд Песекијан денеска изјави дека неговата изјава за тоа дека Иран нема да ги напаѓа соседните земји освен ако прво не биде нападнат, била погрешно протолкувана од „непријателите кои сакаат да создадат поделби меѓу соседите“, објави иранската државна телевизија.
„Многу пати сме нагласувале дека сме браќа и дека треба да одржуваме добри односи со соседите. Сепак, ако бидеме нападнати, ќе мораме да одговориме, но тоа не значи дека имаме спор или дека сакаме да им наштетиме на нивните народи“, рече тој, пренесува Ројтерс.
Неговиот претходен коментар, во кој рече дека Иранскиот преоден совет одлучил да ги запре нападите врз соседните земји, освен во случај на нивни напади, беше погрешно протолкуван како целосен прекин на операциите. И покрај тоа, нападите на Иран продолжиле.
„Немаме намера да ги напаѓаме соседите. Советот вчера одлучи да не вршиме напади ниту да лансираме ракети кон нив, освен ако тие прво не нè нападнат. Тие се наши браќа и треба заеднички да работиме за мир и стабилност во регионот“, нагласи Песекијан во видео порака на државната телевизија.


