ОСКАРИ 2026 – Најнови предвидувања
Сезоната на награди започна со „Избор на критичарите“ а кулминација се Оскарите на 15 март

Сезоната на холивудски награди започна со „Избор на критичарите“, а кулминацијата ќе биде Оскарите на 15 март. Со завршувањето на повеќето награди, сега е време да се анализира кој филм и актер ќе излезат како победници.
Академијата за филмска уметност и науки брои околу 11.000 членови, поделени во 19 гранки (актери, режисери, кинематографери, монтажери итн.). Студијата, дистрибутерите и филмските работници поднесуваат свои проекти за номинација. За категориите најдобар филм, глума и режија гласањето е тајно, со преференцијално гласање до пет кандидати. Гласањето започна на 12 јануари и траеше пет дена. Номинациите беа објавени на 22 јануари 2026.
Најмногу номинирани филмови се „Грешници“ (Рајан Куглер) со 16 номинации, најмногу во историјата, „Една битка по друга“ (Пол Томас Андерсон) 13 номинации, „Франкенштајн“, „Марти Врховен“, „Сентиментална вредност“ по 9 номинации.
Тимоти Шаламе стана најмладиот актер по Марлон Брандо номиниран три пати. Ејми Мадиган го држи рекордот за најдолг временски период помеѓу номинации (40 години
„Злобно“ За добро“ и „Тестаментот на Ен Ли“ не добија номинации. Некои критичари сметаат дека Џафар Панахи, Гилермо дел Торо и Пол Мескал требало да бидат номинирани.
Предвидувања за најдобар актер се Тимоти Шаламе фаворит, победил на „Критичарски избор“ и „Златен глобус“. Мајкл Б. Џордан има моментум и возраст на своја страна и Вагнер Моура помалку веројатно за победа. Трката е тесна, но Шаламе има предност.
Предвидувања за најдобра актерка се Џеси Бакли главен фаворит со награди од „Златен глобус“, БАФТА и „Критичарски избор“. Роуз Бирн единствена сериозна конкуренција, но шансите ѝ се мали. Полимаркет и Калши ѝ даваат 95% шанса за победа.
Предивдувањата за најдобар филм се „Грешници“ vs „Една битка по друга“. Награди од PGA и DGA ги фаворизираат „Една битка…“ историски за Оскар. Полимаркет: „Една битка…“ 81%, „Грешници“ 14%. Калши: „Една битка…“ 80%, „Грешници“ 16%.
Гласањето завршува на 5 март, а церемонијата ќе се одржи на 15 март во театарот „Долби“ во Холивуд.


