СКАНДАЛ ВО МЕЛБУРН – Македонската заедница ќе тужи поради забранет симбол

Советот на македонските заедници во Австралија ја нарече одлуката на Мелбурн дискриминаторска и најави правна постапка.

СКАНДАЛ ВО МЕЛБУРН – Македонската заедница ќе тужи поради забранет симбол
Фото: Принтскрин

Македонската заедница во Австралија најави правна постапка против градските власти во Мелбурн поради одлуката да се забрани користењето на симболот „Сонцето од Кутлеш“ на локалниот фестивал Мумба.

Советот на македонските заедници во Австралија оцени дека ваквата одлука е дискриминаторска и испрати официјална писмена жалба до организаторите на фестивалот. Во неа се наведува дека македонските групи повеќе од три децении го користат симболот „Сонцето од Кутлеш“, познат и како „Ѕвезда од Вергина“, без да се појават какви било проблеми.

Во писмото се посочува дека градските власти во Мелбурн ги игнорирале барањата за поништување на одлуката, образложувајќи ја со „културна чувствителност околу одредени регионални дизајни на знамиња“. Од Советот тврдат дека ваквото оправдување претставува неправеден и дискриминаторски пристап кон македонската заедница.

Претседателот на Советот, Крис Ангелков, изјави дека принципите на австралискиот мултикултурализам треба да им овозможат на сите етнички заедници слободно да ги изразуваат и слават своите културни симболи. Тој додаде дека македонската заедница нема да прифати ограничувања што ги смета за неправедни и дека ќе побара правна заштита за, како што наведува, нанесената неправда.

CATEGORIES
TAGS
Share This