ПОРАКА ОД ТРАМП – Иран е ослабен, верски лидер е прифатлив ако се однесува добро кон САД и Израел
Верски лидер прифатлив и американскиот претседател вели дека не му пречи верски лидер ако е праведен и фер.

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство е „ослабено“ и дека земјата сега бара ново раководство кое ќе се однесува добро кон САД и Израел, дури и ако станува збор за верски лидер, а не за демократски избрани претставници.
„Иран не е истата земја што беше пред една недела. Пред една недела беа моќни, а сега се навистина неутрализирани.“ Не ми пречи верски лидер. Работам со многу верски лидери и тие се фантастични – рече тој.
На прашањето дали инсистира на демократска држава во Иран, Трамп одговори:
„Не, велам дека мора да има лидер кој ќе биде фер и праведен, ќе направи одлична работа и ќе се однесува добро кон САД, Израел и другите земји на Блискиот Исток.“
Трамп ја пофали својата политика кон регионалните партнери, тврдејќи дека „станале пријатели“ со Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар, додека претходните администрации (Бајден и Обама) не водеа активна комуникација.
„Сите се борат за нас. Пред да се вклучам, дури и не разговаравме со ОАЕ и Саудиска Арабија.“
Трамп ја оцени воената операција на САД против Иран како „12, можеби 15, на скала од 10“. Не е загрижен за зголемувањето на цените на бензинот, истакнувајќи дека тоа е краткорочно и цените ќе паднат брзо.


