ГЕРМАНСКИ СУД ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА АФД – Разузнавачка служба да да не ја прогласува партијата за екстремистичка до конечната судска одлука
Сомневањата за активности против уставниот поредок се насочени кон поединци, не кон целата партија.

Германскиот уставен суд денес ја прифати жалбата на десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) и наложи на разузнавачката агенција BfV засега да не ја прогласува партијата за „екстремистичка“, додека не се донесе конечната одлука во случајот.
Партијата ја оцени одлуката како „значаен успех за владеењето на правото и демократската праведност“. Еден од лидерите, Тино Крупала, рече дека квалификацијата била користена за дискредитирање на AfD пред локалните избори и истакна дека засега победата треба да се прослави, негирајќи дека партијата се противи на уставот.
Судот посочи дека постои „силно сомневање“ дека некои функционери на AfD се спротивставуваат на уставниот поредок, но нема доволно докази тоа да важи за целата партија.
Министерот за внатрешни работи, Александар Добринт, рече дека конечната пресуда сè уште не е донесена, но BfV утврдила дека во рамките на AfD има активности насочени против слободниот демократски поредок. Одлуката се базира на експертски извештај од 1.100 страници со расистички и исламофобични изјави на партиски функционери.
Предлогот на BfV да ја класифицира AfD како екстремистичка партија предизвика реакции, вклучително повици за нејзина забрана, а партијата го нарече „напад врз демократијата“.
Добринт додаде дека BfV ќе продолжи со главната постапка, но отфрли разговори за забрана, истакнувајќи дека најдобриот начин за борба против AfD е обезбедување добра влада.


